Шокантни вести од Шпанија: Агуеро ќе мора да ја заврши кариерата поради проблеми со срцето

Серхио Агуеро ќе мора да стави крај на фудбалската кариера според последните информации коишто доаѓаат од Шпанија.

Фудбалерот на Барселона, кому на мечот против Алавес му беше востановена срцева аритмија, најпрвин беше објавено дека ќе мора да паузира три месеци, а според најновите информации тој може воопшто и да не заигра фудбал на професионално ниво.

Срцевата аритмија на Агуеро е многу покомплексна и посериозна од тоа што најпрвин се мислеше.

Тој е втор играч во семејството клубови на Барселона бидејќи и фудбалерката во женскиот тим Каролин Грахам Хансен исто така има срцева аритмија, но нејзиниот проблем може да се контролира.

- Оглас -

Најнови вести