Борусија Дортмунд е елиминирана од германскиот куп, голот на Ерлинг Халанд од пенал не беше доволен против Санкт Паули, тимот од Хамбург славеше со 2-1 и оди во четвртфиналето. За првпат после 11 години, во финалето на купот на Германија ќе ги нема Баерн или Борусија.
Огромен шок претрпе и Келн во пенал серијата против Хамбургер. Флоријан Кајнц даде гол и мислеше дека го продолжува пенал рулетот, но судиите му го поништија голот и ХСВ се пласираше понатаму. Голот е поништен затоа што топката го погодила изведувачот во двете нозе пред таа да заврши во мрежа.
Според фудбалските правила, за еден шут од пенал да се смета за гол, треба топката да биде испоратена зад гол линијата со само еден допир на ногата со топката, а тука биле два контакти, нешто што многу ретко се случува.