Шокови за премиерлигашите, Елмас доби 20 минути во дербито (Видео)

Реал Мадрид е најголемиот добитник, а Арсенал и Манчестер јунајтед се најголемите губитници вечерва во фудбалската Лига на шампиони.

Кралскиот клуб славеше во Неапол со 3-2, победничкиот гол беше автогол на голманот Мерет по бомбата на Валверде. Елиф Елмас влезе во игра во 69-тата минута.

Арсенал поведе на гостувањто кај Ленс, но францускиот тим направи пресврт, а иста судбина го снајде и Манчестер јунајтед, кој имаше 1-0 и 2-1 против Галатасарај, а на крајот се радуваше турскиот првак. По црвениот картон на Каземиро, Икарди утна пенал, но Аргентинецот се извади три минути подоцна со гол за победа.

И Баерн губеше, а победи 2-1 против Копенхаген. Турам му донесе победа на Интер од 1-0 над Бенфика. Лудо беше и во Ајндховен, каде што ПСВ и Севилја одиграа 2-2 со четири гола во второто полувреме, а три од 86-тата минута до крајот.

Ова е голот на Икарди со којшто Црвените ѓаволи беа шокирани на „Олд Трафорд“:

- Оглас -

Најнови вести