Шон Конери одбил понуда од Манчестер јунајтед

Светот со тага ја прими веста дека денеска на 91-годишна возраст почина легендарниот шкотски актер Шон Конери, познат по улогата на тајниот агент Џејмс Бонд 007. Впечатливиот Конери седум пати го глумеше агентот Бонд, а малку е познато дека тој пред 70-тина години бил и добар фудбалер, и за него се интересирал дури и Манчестер јунајтед.

„Играв за Бонириг роуз, а добив понуда да одам на проба во Ист Фајв. Селтик тогаш не ме бараше. Но, на еден натпревар во близината на Манчестер, ме гледаше легендарниот тренер Мат Безби и беше воодушевен. Ми понуди договор вреден 25 фунти неделно. Јас имав 23 години и одбив. Жалам што не прифатив, навистина го сакав фудбалот. Но, одлучен бев да станам актер и тоа ми е еден од најпаметните потези кои сум ги направил во животот“ – раскажа Конери во едно интервју.

- Оглас -

Најнови вести