Шоу-мечеви има во Англија и Италија

1009 Ливерпул – Лестер (20:45 ч.)

Кога играат овие две екипи, головите се речиси загарантирани. Тоа се потврдува и со фактот дека на последните 10 дуели имало дури 34 погодоци, односно 3,4 по меч. Ливерпул дома секогаш е фаворит и сезонава има седум победи и три ремија без пораз.

Тимот на Јирген Клоп едноставно мора да освои три бода ако сака да остане во чекор со Манчестер сити кога се работи за борба за титулата.

Предлог тип: 1&3+ (1.51)

 

1008 Вулверхемптон – Арсенал (20:45 ч.)

Вулверхемптон се специјализира за мечеви со малку погодоци, па на 10 од последните 13 дуели на Волците имало максимум два погодоци.

Арсенал во 2022 година во пет меча уште нема ниту една победа (три порази и две ремија), а Топчиите на последните четири дуели воопшто не може да дадат ниту еден гол, што е само уште еден показател дека може да има малку погодоци вечерва.

Предлог тип: 0-2 (1.62)

 

3033 Аталанта – Фиорентина (18 ч.)

Победникот оди во полуфиналето на Купот на Италија, а Аталанта ја има улогата на фаворит. Фиорентина остана без најдобриот играч, Душан Влаховиќ, а дека тоа ќе биде проблем за нив се виде и во неделата, кога загубија со 0:3 дома од Лацио.

Аталанта е без Иличиќ, Миранчук и Запата, но тимот од Бергамо треба да победи, во меч на кој може да видиме погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.80)

 

3034 Јувентус – Сасуоло (21 ч.)

Сасуоло славеше во Торино пред четири месеци со 2:1 во меч од Серија А, па Старата дама сега сигурно ќе биде многу попретпазлива. Ако се види традицијата на меѓусебните дуели, треба да се очекуваат голови.

На последните девет дуели секогаш имало барем по три голови, а дури седумпати било ГГ3+.

Предлог тип: ГГ3+ (2.11)

 

2835 Нант – Бастија (21 ч.)

Нант не смее да има проблем со ривал кој е дел од втората лига во Франција. Победникот ќе обезбеди место во полуфиналето на Купот, па сигурно ќе биде борбен дуел.

Во вакви мечеви може и еден момент да биде решавачки, па реално не треба да се очекуваат многу голови, а Нант сепак има поголеми шанси да оди понатаму.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.98)

- Оглас -

Најнови вести