Рафаел Надал и Карлос Алкарас во Лас Вегас одиграа егзибициски меч кој го организираше „Нетфликс“, на којшто славеше помладиот Шпанец, но постариот покажа дека повредата е минато и повторно ќе се бори за трофеите.
Алкарас славеше со 3:6,6:4,14:12.
RAFA!!!!!! #TheNetflixSlam pic.twitter.com/HrpozvWBva
— Netflix (@netflix) March 3, 2024
Алкарас кон крајот на минатата година исто така играше егзибициски меч, и тоа во Саудиска Арабија против Новак Ѓоковиќ и тогаш како и сега, победи против постариот ривал.
Nadal and Alcaraz showing the crowd what an elite rally looks like! #TheNetflixSlam pic.twitter.com/GMoeKOEt2V
— Netflix (@netflix) March 3, 2024
Мечот беше решен во супер тај-брејкот на поени, во кој Алкарас беше подобар и до триумфот дојде откако ја искористи шестата меч-топка.
.@RafaelNadal is in the building #TheNetflixSlam pic.twitter.com/Wv0Nf62k3Y
— Las Vegas (@Vegas) March 3, 2024
Со прикажаната игра иако станува збор за аегзибиција, Надал покажа дека повредата е минато и во многу веројатно последната сезона во кариерата, ќе се бори за трофеите.
Прв настап на Надал на терените ќе биде на Мастерсот во Индијан Велс кој започнува за два дена.