Шоу на Авдија и Марканен, за да има победник на Израел – Финска, се играше и продолжение

Израел ја совлада Финска со 89-87 во поинтереснииот од двата први попладневни натпревари на Евробаскетот за мажи. Победникот се одлучи по петминутно продолжение, откако во регуларниот дел одиграа 79-79.

Дени Авдија со 23 поени, 15 скока и три асистенции, беше предводник на Израелците. НБА играчот со српско потекло, погоди важна тројка за изедначување во регуларниот дел од средбата. И кај Финска одличен беше НБА играчот. Лаури Марканен со 33 поени и 12 скока.

Украина ја прегази Велика Британија со 90-61 и најави кандидатура за пласман во следната фаза.

- Оглас -

Најнови вести