Шоу на Баркли: не кажа ниту еден збор, но објасни што мисли за Лејкерс – Денвер (Видео)

Еден од најдобрите кошаркари кои никогаш не освоија НБА титула, Чарлс Баркли, сега работи како аналитичар на телевизијата ТНТ и заедно со Шекил О‘Нил се обидуваат да прават интересни работи во студиото за да бидат поинтересни за гледачите.

Пред неколку часа, откако заврши првиот меч од западното финале помеѓу ЛА Лејкерс и Денвер, популарниот Чак или Сер Чарлс како што го викаат „лошиот дебелко“ Баркли, зеде метла во рацете и почна да чисти низ студиото. Со ова, Баркли покажа дека прогнозира „метла“ или во превод, Лејкерс да ги измете Грутките со 4-0 во победи.

Дали оваа прогноза ќе му се оствари, ќе покаже времето. Погледнете како Баркли метеше додека другите се смееја:

https://twitter.com/i/status/1307163612780224513

- Оглас -

Најнови вести