Барселона на подготовките во САД тргна со огромен триумф од 6-0 над Интер Мајами во мечот во кој дебитираа тројца нови фудбалери на Каталонците.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1549550707539382272
Кеси, Кристенсен и Рафиња се најдоа во стартниот состав, а новото бразилско крило на Барса уште во првото полувреме покажа дека ќе биде од големо значење за тренерот Чави.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1549553882291994624
Рафиња учествуваше во сите три гола во првиот дел, им асистираше на Обамејанг и Фати, додека одлично погоди за 2-0 во 25-тата минута.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1549556619180138497
За да се одржи формата и сите да добијат минутажа, Чави го смени целиот тим во второто полувреме, па и резервите се разиграа со уште три погодоци.
Погодија Гави, Депај и Дембеле, а голот на холандскиот ас и неговиот дриблинг да се ослободи од противникот пред да шутне, се издвои како потег на мечот.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1549566859535589378