3.8 C
Skopje
вторник, 23 декември 2025

Шоу на Чурлинов, со два гола и асистенција сам го победи противникот

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов имаше два гола и една асистенција на денешниот натпревар од Купот на Турција против Ерзурумспор.

Тимот на Чурлинов, Коџаелиспор, победи со 3-1, а во сите три гола директно учествуваше нашето 25-годишно крило.

За Чурлинов тоа беа први голови во дресот на турскиот тим, во кој дојде пред почетокот на сезонава. На половина час до крајот, Дарко беше повлечен од игра, па пропадна можноста и за евентуален хет-трик.

Инаку турскиот куп се игра во групи, во групата на Коџаелиспор се и Фенербахче и Бешикташ, па нема да биде лесно да се освои некое од првите две места кои водат во нокаут-фазата.

- Оглас -

Најнови вести