Шоу на „Џузепе Меаца“: Пет гола и два пресврти за само 45 минути (Видео)

Вистинско фудбалско уживање за љубителите на фудбалот приредија екипите на Интер и Јувентус во првите 45 минути од дерби дуелот на „Џузепе Меаца“. Пет гола и водства за двете екипи, а гол серијата започна уште во 15-тата минута, кога Зиелински од пенал го донесе Интер во водство.

Следуваше комплетен пресврт на Јувентус. Влаховиќ во 20-тата минута израмни на 1-1, а Веа само седум минути подоцна ја донесе „старата дама“ во водство. Сепак, до крајот на првиот дел Интер повторно се врати во водство, откако Мкхтарјан во 35-тата и Зиелински повторно од пенал во 37-мата минута направи нов пресврт, овој пат во корист за Интер од 3-2.

- Оглас -

Најнови вести