Ливерпул обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако на „Енфилд“ убедливо го совлада Галатасарај со 4-0 и ја надополни негативата од 0-1 од првиот натпревар.
Домаќините поведоа во 25-тата минута преку Доминик Собослаи, а до крајот на првиот дел Мохамед Салах не успеа да реализира пенал во судиското продолжение. На стартот од второто полувреме, Уго Екитике зголеми на 2-0 во 52-рата минута, а само една минута подоцна Рајан Гравенберх погоди за 3-0.
Конечните 4-0 ги постави Салах со прекрасен гол во 62-рата минута.
Атлетико Мадрид го завери пласманот понатаму, и покрај поразот од 3-2 на гостувањето кај Тотенхем, благодарение на предноста од 5-2 од првиот меч. За домаќините стрелци беа Коло Муани и Чави Симонс двапати, додека за Атлетико погодија Хулијан Алварес и Давид Ханко.
Баерн Минхен славеше и во реваншот против Аталанта со 4-1. Два гола постигна Хари Кејн, а по еднаш погодија Ленарт Карл и Луис Дијазс, додека за тимот од Бергамо стрелец беше Самарџиќ.

