Шоу на „Енфилд“: легендата на Ливерпул чисти, легендата на Јунајтед фрла снег на терен (Видео)

Во Ливерпул со сите сили се бореа за да се игра денешното дерби од 17.30 против Манчестер јунајтед, а во чистењето на снегот се приклучија и легендите кои работат како ТВ аналитичари, Џејми Карагер и Гери Невил.

Карагер е легенда на Ливерпул, Невил на Јунајтед, а тие пред заеднички да помогнат во чистењето на теренот, приредија шоу за публиката.

Едниот (Карагер) чистеше со лопатата затоа што сака мечот да се игра, а „исплашениот“ Невил кој „не сака“ да се игра бидејќи неговиот тим е во лоша ситуација и веројатно му претстои нов пораз, на шега фрлаше снег на терен, за да „спречи“ одигрување на дербито.

Погледнете го дуелот на Карагер и Невил:

- Оглас -

Најнови вести