Шоу на Ѓоковиќ во Париз: Го чистеше теренот пред да го „здроби“ противникот (видео)

Новак Ѓоковиќ очекувано со 3-0 во сетови (6-0, 6-3, 6-2) го совлада Даниел Елахи Галан Риверос за пласман во осминафиналната рунда на Отвореното првенство на Франција. Првиот светски рекет ја забавуваше публиката во Париз пред мечот, а и во текот на самата средба.

Прво ја фати метлата во рака и им помогна на редарите да го средат земјениот терен, а потоа го зеде рекетот и демонстрираше зошто е моментално најдобар тенисер во светот.

На 153-то рангираниот тенисер, Ѓоковиќ му одзеде три сервиси во првиот сет, а Галан Риверос имаше повеќе желба за игра откако освои три гема во вториот сет. Колумбиецот еднаш се најде во шанса да направи брејк при резултат од 4-2 во третиот сет, меѓутоа Ѓоковиќ не го дозволи тоа и ја заврши работата за помалку од два часа.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Карен Хачанов, кој претходно денес со 3-1 во сетови славеше против Кристијан Гарин.

https://twitter.com/rolandgarros/status/1312446777258254336

- Оглас -

Најнови вести