21.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Шоу на Халанд, Норвешка со 11-ка ја масакрираше Молдавија и ја оддалечи Италија од СП 2026

Норвешка ја прегази Молдавија со 11-1 и значително си ја подобри гол-разликата пред решавачките мечеви за пласман на СП 2026.

Ерлинг Халанд даде дури пет од головите, а имаше и две асистенции. Феноменален беше и Тело Асгард, кој даде четири гола, иако во игра влезе во 64-тата минута.

Норвешка има максимални 15 бода од пет меча и како што стојат работите, ќе оди на СП, додека Италија ќе мора да се задоволи со втора позиција и бараж, а Аѕурите немаат убаво искуство со овие баражи поради кои не играа на првенствата во 2018 и 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести