Роналдо Деакону постигна два ретко видени голови за Газ Метан, вечерва во меч од романското првенство против Динамо Букурешт и може слободно да конкурира за наградата „Пушкаш“.
Во 36. минута од мечот играчот со познато фудбалско име, или како што го нарекуваат во Романија Роналдо третиот со бомба од 30-на метри првпат го совлада голманот Михаи.
Gaz Metan – Dinamo Bucharest [1]-0 – Ronaldo Deaconu 36′ (Great Goal) from soccer
Роналдо веднаш потоа, за само 120 секунди постигна уште еден невиден погодок со лоб удар од 25 метри во истиот агол и Михаи повторно беше немоќен.
Gaz Metan – Dinamo Bucharest [2]-0 Ronaldo Deaconu 38′ (Great Goal) from soccer
Мечот е во тек, за гостите од Букурешт игра нашиот поранешен репрезентативец Мирко Ивановски.