Шоу на Јокиќ: Противникот не знаеше каде се наоѓа со една финта, а потоа успеа да „украде“ цели десет секунди (Видео)

Никола Јокиќ го предводеше својот Денвер нагетс до победа над Портланд трејлблејзерс од 112:103 и притоа приреди шоу карактеристично само за него.

 

Центарот мечот го заврши со 29 поени и осум скока, а имаше два потега со кои ги воодушеви навивачите во „Бол арената“ во Колорадо.

https://twitter.com/i/status/1754331477972541621

Прво, по една финта го натера противничкиот центар Деандре Ајтон да гледа кон својот кош, а потоа во завршницата шармерски успеа да украде десетина секунди.

 

Најдобриот тим во НБА-лигата, Бостон селтикс, со убедливи 131:91 го совлада Мемфис гризлис, кој без повредениот Џа Морант не изгледа како тим кој е фаворит за титулата. Џејсон Тејтум со 34 и Кристапс Порзингис со 26 поени се најзаслужни за 38-мата победа во 50-тиот натпревар на Бостон сезонава.

 

Во дербито на вечерта, ЛА клиперс со 103:95 славеше на гостувањето кај Мајами хит. Кавај Ленард со 25 поени и 11 скока и Џејмс Харден со 21 поен и 11 асистенции беа најзаслужни за третата победа во низа на Клиперси.

 

Резултати: Бостон – Мемфис 131:91, Шарлот – Индијана 99:115, Мајами – ЛА Клиперс 95:103, Минесота – Хјустон 111:90, Оклахома сити – Торонто 135:127 (прод.), Јута – Милвоки 123:108, Денвер – Портланд 112:103.

- Оглас -

Најнови вести