Шоу на Јусејн Болт во Перу, беше побрз од мототакси (Видео)

Јусејн Болт, светскиот рекордер на 100 метри, извојува лесна победа на трка од 50-тина метри против мотоцикл-такси во главниот град на Перу, Лима.

Осумкратниот освојувач на олимписки злата од Јамајка и најбрз човек на сите времиња веќе не е активен атлетичар, па во слободно време се обидува да почне фудбалска кариера и учествува на разни комерцијални настани како овој во Лима, каде што славниот Болт рекламираше познат бренд за производство на спортска опрема.

Стотици фанови дојдоа да ја гледаат трката која се покажа како нерамноправна бидејќи мототаксито во кое има место за тројца патници и може да постигне максимална брзина од 60 километри на час, многу доцна фати залет, па 32-годишниот Болт по големата предност во првите метри, само лесно џогираше до целта.

- Оглас -

Најнови вести