Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по убедливата победа над Спарта Прага од 5:1 во првиот осминафинален натпревар во Лигата на Европа, покажа зошто е еден од омилените фудбалски тренери кој е секогаш расположен за шега.
Германецот тоа го покажа на прес-конференцијата кога чешки новинар кој очигледно не знаел дека тој по завршување на сезоната ќе си замине од Ливерпул, го праша дали има некој фудбалер на Спарта кој „му фатил“ око за трансфер налето.
Клоп со насмевка му одговори на новинарот.
„Налето завршувам со Ливерпул. Дали сакате да го носам со мене на одмор“, рече Клоп и ги насмеа сите присутни на прес-конференцијата.
https://twitter.com/i/status/1765844786315977022