Шоу на Фабио Квартараро во Доха (Видео)

Фабио Квартараро приреди вистинско шоу на Мото ГП трката во Доха, Катар, и успеа да победи пред Зарко, Мартин, Ринс и Вињалес.

Францускиот ас беше стрплив, си чекаше шанса и на пет круга до крајот, успеа да го претрка Мартин и да победи. За 21-годишниот член на Јамаха ова беше четврта победа во кариерата во Мото ГП класата.

Трката беше фантастична, а возбудување имаше и во последниот круг, кога Зарко успеа да го мине Мартин и како второпласиран да ја заврши трката.

Ова беше и втора победа на втората трка сезонава на возачите на Јамаха, откако Вињалес победи пред една недела исто така во Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести