Словенецот Лука Дончиќ повторно имаше фантастична вечер во НБА-лигата, постигнувајќи 45 поени во победата на Далас против Голден sтејт на гости со 133-143. Дончиќ исто така забележа 13 асистенции и 11 скокa, со што оствари трипл-дабл. Неговата прецизност беше зачудувачка, со шут од игра 16/23.
На овој натпревар Далас маверикс и Голден стејт вориорс ја испишаа историјата на НБА-лигата, рушејќи го рекордот за најмногу постигнати тројки на еден натпревар.
Тимовите вкупно погодија 48 тројки.
Luka Dončić put on a SHOW in San Francisco!
— NBA (@NBA) December 16, 2024
🔥 45 PTS (16-23 FGM)
🔥 11 REB
🔥 13 AST
🔥 6 3PM
🔥 3 STL
🔥 2 BLK
Mavs win their 8th of their last 9 games! pic.twitter.com/97MfOEpja5
Само во првото полувреме беа реализирани 30 тројки, додека во второто полувреме темпото малку се намали.
Лос Анџелес лејкерс на домашен терен славеа против Мемфис со 116-110 во меч кој мина во знакот на Ентони Дејвис. Тој забележа 40 поени и 16 скока.
Феникс Санс славеа на домашен терен против Портланд трејлблејзерс со 116-109. До победата Феникс го предводеше Девин Букер со 28 поени, а Кевин Дуран го следеше со 20 поени. Јусуф Нуркиќ доминираше под кошевите против својот поранешен клуб, забележувајќи 14 скока и 10 поени.
Резултати: Орландо – Њујорк 91-100, Вашингтон – Бостон 98-112, Сан Антонио – Минесота 92-106, Феникс – Портланд 116-109, Голден стејт – Далас 133-143 ЛА лејкерс – Мемфис 116-110.