Шоу на Мануел Нојер – го испрати Белорусинот по бурек (Видео)

За време на средбата помеѓу националните тимови на Белорусија и Германија, германскиот голман Мануел Нојер, приреди вистинско шоу, и со серија дриблинзи го посрамоти противничкиот фудбалер.

При резултат 1-0 за „панцерите“, Нојер реши да истрча надвор од својот 16-ник, и во стил на најдобрите дефанзивци, му ја одзеде топката на противникот, и потоа почна да го дрибла. Но, тоа не беше обичен дриблинг, туку серија финти. На крај, кога уште еден Белорусин притрча, Нојер со ладнокрвно додавање ги измами и двајцата, па Германците ја расчистија опасноста.

Погледнете ја вештината на Нојер во критичните моменти:

https://twitter.com/i/status/1137439503428308992

- Оглас -

Најнови вести