Ландо Норис е победник на патеката Хунгароринг за Големата награда на Унгарија, откако во пеколен финиш успеа да биде побрз од својот тимски колега Оскар Пјастри. Сепак, Мекларен имаше свое шоу, а овој триумф на Ландо Норис уште повеќе ја засили трката за шампионската титула меѓу клупските колеги.
Само девет бода е разликата меѓу Пјастри и Норис во трката за шампионскиот трофеј оваа сезона во Формула 1.
LANDO NORRIS WINS THE HUNGARIAN GRAND PRIX!!! 🤩#F1 #HungarianGP pic.twitter.com/UfrM1wEWzo
— Formula 1 (@F1) August 3, 2025
Ландо Норис презеде храбра стратегиска одлука со само едно застанување во боксот – и таа се исплатеше. Британецот на крајот славеше победа.
Возачот на Мекларен стартуваше од третата позиција, но уште во првиот свиок беше престигнат од Џорџ Расел и Фернандо Алонсо. Брзо се справи со Алонсо, но потоа заглави зад Расел, што му одзеде драгоцено време во споредба со водечките Шарл Леклер и Оскар Пјастри.
Токму тоа заостанување го натера Ландо Норис и неговиот тим да преминат на алтернативна стратегија – само едно застанување во боксовите, додека Леклер и Пјастри одиграа на посигурна варијанта со две промени на гуми. Но токму ризикот на Норис донесе резултат: во завршницата беше сериозно притиснат од тимскиот колега Пјастри, кој имаше ДРС во последните кругови, но не успеа да се доближи доволно за напад.
Пјастри на крајот заврши втор, со заостанување од помалку од 0.7 секунди, додека третото место му припадна на Џорџ Расел, кој ја искористи драматичната загуба на темпо кај Леклер во втората половина на трката.
RACE CLASSIFICATION
— Formula 1 (@F1) August 3, 2025
Lando Norris takes his ninth career win 🏆#F1 #HungarianGP pic.twitter.com/v1llsHul0W