Македонскиот напаѓач Илија Несторовски, беше една од најзабележителните фигури на денешниот интересен дуел помеѓу Риека и Славен Белупо кои се на трето односно четврто место во хрватската ХНЛ Суперлига.
Средбата заврши 2-2. Несторовски даде гол со глава за водство на Славен после само две минути игра, а во финишот на првото полувреме над него беше направен фаул по кој судијата покажа црвен картон за играчот на Риека.
Сепак во вториот дел домашните и со човек помалку на терен се спасија од пораз, а Несторовски пред да излезе во 74-та минута поради повреда, имаше одлична шанса за 2-0, но за негова жал не ја искористи.
После ова реми, третопласираната Риека има 10 бодови помалку од лидерот Динамо, а девет минус од Хајдук.

