Норвешкиот интернационалец Александер Сорлот е во фантастичен голгетерски ритам во дресот на Атлетико Мадрид. Тој постигна четири гола за половина час, во првото полувреме од дуелот против Реал Сосиедад (4-0) во Ла Лига.
Сорлот за четири минути стигна до хет-трик. Погоди во седмата минута, потоа и во десеттата, а третиот погодок го прослави само една минута подоцна.
Во 30-тата минута Норвежанецот стрелаше и четврти пат и со тоа предизвика еуфорија кај фановите, а се наметна и за признанието за најдобар стрелец во Ла Лига.