Шоу на Вембањама: Ги засени Кари и Воините и имаше повеќе блокади и скокови (Видео)

Првиот избор од годинешниот НБА-драфт, Виктор Вембањама одигра одлично против Голден Стејт вориорс во последниот контролен меч пред стартот на сезоната.

https://twitter.com/i/status/1715552861411570030

Во победата на неговиот Сан Антонио спарс 122:117, Вембањама имаше учинок од 19 поени, пет блокади и четири скока и ги засени ѕвездите на Воините како Стеф Кари, Дрејмонд Грин и Клеј Томпсон.

 

222 сантиметри високиот кошаркар имаше повеќе блокади од скокови, а беше најпрецизен во својот тим иако не го служеше најдобро (8/19 од игра и 2/7 за три поени).

https://twitter.com/i/status/1715556387277963572

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести