6102 Хрватска – Шпанија (20:45 ч.)
Финале во Лигата на нации што значи дека влогот е голем. Во изминативе 12 месеци Хрватска одигра дури 16 меча и загуби само еднаш и тоа во полуфиналето на Светското првенство во Аргентина со 3:0. Во останатите 15 меча реми само победи и нерешени.
Шпанија има само две победи во последните шест меча што ги одигра, но сепак важи за фаворит против Коцкестите. Овие две селекции одиграа анталогиски меч на последното ЕП, кога по 90 минути беше 3:3, а Шпанија победи со 5:3 по продолженијата. И на претходните два дуели на овие ривали било со многу голови и резултатите биле 3:2 за Хрватска и 6:0 за Шпанија.
Предлог тип: ГГ3+ (2.50)
5631 Габон – ДР Конго (20 ч.)
Голема битка има во оваа група од квалификациите за Африканскиот куп. Габон е прв со 7 бода, а ДР Конго последен со 4 бода, што значи дека ако гостите денеска победат, ќе бидат во пол-позиција.
Габон во сите четири дуели во групата одигра со максимум еден гол на меч, што значи дека игра многу дефанзивно.
Предлог тип: 1Х0-1 (3.15)
6101 Холандија – Италија (15 ч.)
Холандија како домаќин на завршниот турнир од Лигата на нации се надеваше дека ќе игра финале, но загуби од Хрватска, па сега ќе се бори за третото место.
Последните пет меча на Лалињата биле со барем три погодоци, па и сега се очекува да биде интересно и полно со погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.83)
4676 Депортиво Куенка – Емелек (22 ч.)
Дуел од шампионатот на Еквадор, а интересно е дека Депортиво Куенка во 14 меча нема ниту еден нерешен резултат. Емелек има пет нерешени средби, а интересно е дека Депортиво Куенка е нивни ривал по мерка, затоа што има четири победи и едно реми во последните пет меѓусебни дуели.
Предлог тип: Х2&0-3 (1.86)
4656 Пењарол – Ривер плејт (20:30 ч.)
Дуел во првенството на Уругвај, каде Пењарол дома ретко губи. Овие два тима во 2023 година одиграа два меча и Пењарол два пати победи, а ако се погледнат последните 13 меѓусебни дуели, дури 11 пати биле со не повеќе од два погодоци.
Пењарол е фаворит, сигурно и гостите нема предвреме да се предадат.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.21)