Новак Ѓоковиќ беше дел од спектаклот во Буенос Аиерс во чест на Хуан Мартин дел Потро, кој и официјално ја заврши својата кариера. На трибините имаше околу 15.000 гледачи, а Аргентинецот во еден момент додека се подготвуваше да сервира, побара од српскиот тенисер да го имитира Рафаел Надал.
Србинот со две раце го прифати предизвикот, а тоа предизвика смеа на трибините. Дали и колку беше успешен Ѓоковиќ во имитацијата, може да погледнете на видеото подолу.
Delpo asked Nole to imitate Nadal… and Nole duly obliged pic.twitter.com/lf7YzbWUCo
— . A͟O͟¹⁰ (@NoleLondon) December 1, 2024