14.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Шоу во Денвер: Јокиќ промаши шут за победа, Стеф Кари одигра „луд“ меч (Видео)

Стеф Кари постигна 42 поени, вклучувајќи ја и клучната тројка за израмнување во финишот на регуларниот дел и беше предводник на Голден Стејт до победа над Денвер од 137:131, во еден од двата меча кои утрово се играа во НБА лигата.

Мечот имаше спектакуларен финиш. Гордон кој постигна рекордни за него 50 поени, погоди тројка за водство на Денвер на 25,7 секунди до крајот. Потоа со иста мерка веднаш врати Кари на другата страна. Во последниот напад од регуларниот дел, Никола Јокиќ имаше шут за победа, но промаши и мораше да се игра продолжение, во кое Годен Стејт заигра многу подобро и го реши победникот во своја корист.

Покрај Гордон кој даде 50 поени за Денвер, Јокиќ имаше трипл-дабл со 21 поени, 13 скокови и 10 асистенции. Јокиќ имаше лош процент на шут погодувајќи 2 од 13 удари за тројка, односно само осум шута од 23 обиди.

И вториот меч кој се играше утрово беше решен по продолжение, а на крајот Оклахома славеше на теренот на Индијана со 141:135. Шеј Гилџес Александер постигна 55 поени што е негов личен рекорд. Дури 15 поени Александер постигна во продолжението и секако е најзаслужен за победата на неговиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести