Шоу во Лисабон, секоја акција е или гол или шанса (Видео)

Барселона и Баерн Минхен им приредуваат уживање на љубителите на фудбалот, по само 21 минути игра во Лисабон е 2-1 за германскиот првак. Најпрвин Баерн поведе со гол на Томас Милер кој има пет гола на пет меча против Барселона и стана германски рекордер по бројот на настапи во ЛШ.

Каталонците кои во почетниот тим имаат играчи на просечна возраст од 29 години и 329 дена е најстариот тим кој некогаш заиграл во ЛШ,  се созедоа и брзо изедначија, откако по нафрлувањето на Жорди Алба, Давид Алаба си даде ефектен автогол. Баерн се врати во водство со гол на Иван Перишиќ.

Ова е голот на Милер за 1-0:

- Оглас -

Најнови вести