Шоу во Лондон: Митровиќ го тресеше Ливерпул, но фаворитот се спаси од пораз (Видео)

Фулам и Ливерпул одиграа нерешено 2:2 во меч на кој домаќините водеа два пати, но гостите успеваа да се вратат и да израмнат. Првата ѕвезда на Фулам, Александар Митровиќ беше расположен за игра и прв погоди и тоа со глава за водство на лондончани на полувремето од 1:0.

На почетокот на вториот дел, кај Ливерпул во игра влезе новото 100-милионско засилување Дарвин Нуњес кој израмни на 1:1 во 64 минута.

Неполни 10 минути подоцна, повторно на сцена стапи Митровиќ. Србинот имаше солопробив во шеснаесетникот на гостите, Вирџил цан Дајк го фаулираше и беше досуден пенал. Митровиќ ја превзема одговорноста да шутира и погоди за 2:1.

Ливерпул втор пат израмни благодарение на дуото Салах-Нуњес. Ако во првата ситуација Салах, асистираше а Нуњес погоди, овојпат Уругваецот додаде за погодок на Мо, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Ливерпул имаше шанса за целосен пресврт, но шутот на Хендерсон во судиското надополнување заврши во пречката.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести