Шоу во Лос Анџелес: Арсенал и Барселона одиграа меч со осум гола, на крајот Топчиите се радуваа (Видео)

Меч за сите фудбалски сладокусци одиграа Арсенал и Барселона. Европките гиганти уште еднаш потврдија зошто со години наназад негуваат офанзивен фудбал, па на крајот резултатот беше 5:3 во корист на англискиот тим.

Шоуто на голови започна уште во седмата минута, кога Левандовски погоди за водство на Барселона, но сака брзи израмнувања, па по 13 минути игра беше 1:1. Потоа Сака промаши и пенал, па каталонскиот гигант преку Рафиња повторно стигна до предност, овојпат од 2:1. Пред крајот на првиот дел, Кај Хаверц погоди за 2:2, што беше резултат на полувремето.

На стартот од вториот дел, Барселона ги промени сите 11-мина играчи кои беа на теренот, додека Арсенал направи само една замена. Во една таква ситуација, Арсенал беше подобар од резервистите на Каталоците.

Тросар даде два гола за лондонскиот тим, кој поведе со 4:2, а Феран Торес намали на 4:3 во 88-мата минута. Тука не беше крајот на головите затоа што Фабио Виеира во 90-тата минута погоди за 5:3 за Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести