Заврши чекањето. Најсилната кошаркарска лига на светот, НБА-лигата, старува ноќеска, и тоа со еден супер дуел. Актуелниот шампион Денвер нагетс пред своите навивачи ќе игра против најтрофејниот клуб, Лос Анџелес лејкерс. Освен овој меч, во вечерта со која стартува новата сезона ќе играат и Голден стејт против Феникс санс.
Денвер во своите редови го има МВП од минатата сезона, Никола Јокиќ, додека во стартниот тим на Лејкерс ќе биде Леброн Џејмс, кој ќе ја започне својата 21-ва сезона во најсилното кошаркарско друштво. Џејмс за два месеца ќе наполни 39 години, но уште е еден од најдобрите во лигата.
Овие два меча кои ќе се играат вечерва се само како „загревање“ за тоа што следува утревечер, за кога се закажани 12 средби и сите уште сега ги има во понудата на Sport Life, па може да се направат одлични комбинации за добитен тикет.
Стандардно тука е и понудата за поени на играчите. Границата за Јокиќ е на 26,5 поени, додека Леброн да биде во „плус“ ќе треба да постигне барем 24 поени. Од сите кошаркари кои се на вечерната понуда, најмногу се очекува да постигне Стеф Кари, за кого границата е поставена на 30,5 поени, додека главните ѕвезди на Феникс, Букер и Дурант имаат идентична „граница“ од 25,5 поени.