Шоу на навивачите на Ајнтрахт ги израдува одбојкарите на плажа (Видео)

Симпатизерите на Ајнтрахт ги изненадија учесниците на одбјокарски турнир на плажа во Лихтенштајн и со навивање и песна им го разубавија настанот, како загревање за фудбалскиот меч од Европа Лигата со Вадуз.

Вечерва од 20.30 часот популарните „орли“ ќе играат со тимот од Лихтенштајн, кој игра во лигите во Швајцарија, а до почетокот на мечот гостинските навивачи се забавуваа со присуство на одбојкарските мечеви на плажа.

Дуелот вечерва на „Рајнпарк“ стадионот меѓу Вадуз и Ајнтрахт е прв од полуфиналниот квалификациски двомеч за настап во Европа Лигата. Германците се фаворит за пласман во плејофот, а ќе треба тоа да го потврдат од 20.30 часот и на реваншот во истиот термин на „Комерцбанк арената“ во Франкфурт на 15. август.

- Оглас -

Најнови вести