Турција води со 1:0 против Холандија по првото полувреме на последното четвтфинале од Европското првенство. Иако Холандија ја има улогата на фаворит, сепак, Турците не само што не се предаваат, туку одиграа одлично прво полувреме и водат со 1:0.
Самет Акајдин по асистенција на Ѓулер е стрелец на голот во 35 минута за водство на Турција. За Акајдин ова е прв гол во репрезентативниот дрес на Турција.