Од тим кој немаше победа два месеца, Интер Мајами сега спои три триумфи по ред, и тоа секако благодарение на Лионел Меси. Откако аргентинскиот виртуоз го облече дресот на овој тим, Интер Мајами реди победи, а Меси прави вистинско шоу на секој натпревар.
Утрово, пред своите навивачи Интер Мајами со 3:1 го победи Орландо во меч од 16-финалето во Лига купот. Мечот започна еден и пол час подоцна поради големото невреме што го зафати Мајами во периодот кога требаше првично да започне средбата.
Навивачите кои чекаа час и половина плус за стартот на дуелот имаа што да видат. Само по седум минути играч, Меси веќе направи публиката на стадионот да биде во делириум, постигнувајќи гол за 1:0.
https://twitter.com/i/status/1686916600597725184
Орландо брзо израмни на 1:1 со голот на Араухо во 17-тата минута, па тоа беше и резултат со кој се замина на полувреме.
На почетокот на вториот дел беше досуден пенал за Интер Мајами, а Мартинес ја презеде одговорноста да шутира и погоди од белата точка за водство од 2:1.
Освен Меси и Серхио Бускетс, кои веќе се стандардни во тимот на Интер Мајами, на овој меч дебито за овој клуб го имаше и уште една некогашна легенда на Барселона, Жорди Алба. Искусниот дефанзивец во игра влезе во второто полувреме и одигра половина час, па Интер Мајами сега има тројца некогашни играчи на Барселона со кои освои многу титули во Шпанија и Европа.
https://twitter.com/i/status/1686933232162324481
Сите дилеми околку победникот беа решени во 72-рата минута,кога Меси повторно стапи на сцена и овојпат со десна нога повторно го матираше гостинскиот голман за водство од 3:1.
Откако дојде во Мајами, Меси одигра три меча за Интер и има биланс од пет постигнати гола и една асистенција за вкупно 204 минути поминати на теренот.
https://twitter.com/i/status/1686938235623104512