Шовковски жестоко го нападна Партизан што играл во Русија: Тоа беше непријателска постапка!

Динамо Киев и Партизан вечерва го играат првиот натпревар од второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите и тоа ќе биде еден од поинтересните дуели вечерва, особено поради „жешката“ увертира.

Поради војната во Украина, Динамо како домаќин против српскиот тим ќе игра во полскиот град Лублин, а легендарниот голман Олександр Шовковски, кој сега е тренер на тимот од Киев, го обвини Партизан за учеството на подготвителниот турнир во Москва.

„Ние целосно ги поддржуваме законите на УЕФА и принципите на ферплеј и секогаш се однесуваме кон нашите противници со почит, покажувајќи го тоа во секој можен начин и на фудбалскиот терен и пред, за време и по натпреварите. Вие добро знаете дека војната кај нас трае веќе три години, нашите луѓе и деца гинат под руските удари. Нашиот клуб не се одвојува од народот на Украина, постојано ги поддржува нашите одбранбени сили и луѓето кои настрадаа од руската агресија во овој тежок период.

Благо речено, несфатливо ни е што ФК Партизан отиде во Москва на пријателски, „братски“ турнир. Играа серија натпревари против локалните клубови и изразија солидарност со оние кои водат агресивна војна против нас, окупирајќи ја нашата земја, уништувајќи ги нашите градови и села, убивајќи ги и осакатувајќи ги нашите луѓе и децата од сите меѓународни натпревари во Европа, што беше направено веднаш по почетокот на целосната агресија“, рече Шовковски.

Според договорот, на овој натпревар нема да има навивачи на Партизан.

„Ние намерно не дадовме никакви јавни изјави за ова прашање за да не поттикнеме непријателство пред натпреварот. Но, земајќи ги предвид сите споменати околности, принудени сме да ги напуштиме сите официјални настани. Нашиот став се заснова исклучиво на постапките на ФК Партизан од Белград, кој отиде да игра во земја која напаѓа и убива граѓани на нашата земја. Ние ги сметаме овие постапки за непријателски настроени кон нашиот клуб и нашата земја“, додаде Шовковски.

- Оглас -

Најнови вести