Шпанец е нов тренер на Олимпијакос и го чека Барди како прво засилување, шпански медиум објави дека има пресврт и нема трансфер

Енис Барди е на прагот да биде првото засилување на Олимпијакос во ерата на новиот тренер Карлос Корберан, но според „Ел Мундо Депортиво“ преговорите со Леванте пропаднале и македонскиот репрезентативец ќе продолжи да игра за шпанскиот клуб.

Грчка „Газета“ објави изјава на спортскиот директор на Леванте, Фелипе Мињамбрес дека Леванте и Олимпијакос се многу блиску до договор за трансфер на Барди, а речиси истовремено, доцна синоќа „Ел Мундо Депортиво“ објави дека преговорите се неуспешни.

Барди има актуелен договор со Леванте до 2024 година и можно е да игра за клубот кој сега е второлигаш и во идната сезона.

Шпанецот Карлос Корберан од вчера е нов тренер на грчкиот гигант и го замени сменетиот Педро Мартинс и се очекуваше прв потег на раководството на Олимпијакос да биде ангажман на македонскиот репрезентативец.

 

Барди пристигна во Леванте во летниот преоден рок во 2017 година, веднаш по настапот на младинското ЕП во Полска со Македонија.

Трансферот во Олимпијакос требаше да чини 3 милиони евра, плус бонуси од 1.5 милион евра, а годишната плата на Барди  според понудата на грчкиот гигант беше планирана за сума од околу 700 илјади евра по сезона, што е двојно помалку од платата што ја има во Леванте.

 

- Оглас -

Најнови вести