12.8 C
Skopje
недела, 2 ноември 2025

Шпанец ќе биде наследникот на Владан Милојевиќ во Црвена ѕвезда?!

Црвена ѕвезда речиси сигурно на крајот од оваа сезона ќе се раздели со тренерот Владан Милојевиќ, секако, доколку не се случи нешто непрдвидено и разделбата дојде и порано.

Веќе се знае и кој ќе биде неговиот наследник, а тоа е Алберт Риера, кој во моментов е тренер на словенечки Цеље.

Шпанецот ќе има основна плата од еден милион евра, а со бонусите може да достигне и до максимални 1,6 милиони евра. Според српските медиуми, Шпанецот добил гаранции од раководството на „црвено-белите“ дека нема да му се мешаат во работата, а тоа било и главниот услов.

Црвена ѕвезда е во серија од три меча без победа, откако загуби од Брага во Лигата на Европа, потоа ремизираше против Раднички во Ниш, а на последниот меч доживеа вистински шок и загуби од Војводина, иако имаше водство од 0-2 на полувремето.

- Оглас -

Најнови вести