Ден за дерби-дуели на соседите – Шпанија и Португалија мирно, кај Холанѓаните и Германците секогаш е бурно

6203 Шпанија У-21 – Португалија У-21 (полуфинале ЕП, 18 часот)

Соседите имаат големо ривалство во сите спортови, а особено во фудбалот. Интересно е што Шпанците се најтрофејна нација со младите Италијанци во фудбалската категорија за играчи до 21 година и имаат по пет пехари на Европските првенства.

Португалија, која секогаш имала големи фудбалски таленти, има одиграно две финалиња и двете ги загуби. Со Шпанија играа само еднаш на младинските ЕП, и тоа кога беа во група со Македонија на шампионатот во Полска пред четири години.

Тогаш во дербито на нашата група Шпанија ја победи Португалија со 3:1 и потоа загубија во големото од Германија. Сега и двете селекции имаат одлични состави, но само една од нив ќе може да игра во завршниот меч за титулата во Љубљана.

Досега ниту Шпанија, ниту Португалија не претрпеа пораз, имаат двајца врвни стрелци, Дани Мота кај Португалците и Хави Пуадо кај Шпанците со по 3 гола, па некако во сè се израмнети.

Во полуфиналето влогот е огромен, па очекуваме тврд меч и „нула“ на полувреме.

Предлог тип: Х прво полувреме (1.95)

 

6702 Белгија – Грција (пријателски меч, 20.45 часот)

Прворангираната селекција на светот ќе сака да презентира моќ во првиот од двата контролни натпревари што ќе ги игра пред Европското првенство.

Белгија е еден од фаворитите за европската круна, но има проблем со најдобриот фудбалер Кевин де Бројне, кој е повреден. Вечерва нема да игра, но Црвените ѓаволи имаат опасен состав и голем избор на играчи.

Грција не игра на ЕП и ќе биде само спаринг-партнер, што според нас, може да издржи само едно полувреме во Брисел. Белгија е многу подобра репрезентација, нема пораз од Грците од 2002 година и типуваме Х-1.

Предлог тип: Х-1 (3.85)

 

6703 Украина – Северна Ирска (пријателски меч, 20.45 часот)

Денеска ќе ја видиме силата и на третиот наш противник во Ц групата на Европското првенство. Македонија и Холандија ремизираа во првите контролни натпревари, Австрија загуби, па сега на ред да игра е и Украина.

Нашиот втор ривал на ЕП има солиден состав, главни ѕвезди се Малиновски од Аталанта, Зинченко од Манчестер сити, Јармоленко од Вест хем, Циганков, Јаремчук…, но сепак се чини дека немаат тим каков што имаа во минатото.

Селекторот Андриј Шевченко е на мака бидејќи неговата селекција нема победа на 7 меча по ред, по големиот триумф против Шпанија лани во октомври.

Иако е пријателски меч, притисок поради црната серија без победа лебди во украинскиот табор, па ова им е шанса со победа да ја подобрат атмосферата пред настапот на ЕП.

Северна Ирска знае да одигра тврд меч и очекуваме да издржи во егал ситуација барем во првото полувреме.

Предлог тип: Х-1 (3.80)

 

6745 Холандија У-21 – Германија У-21 (полуфинале ЕП, 21 часот)

Распоредот на младинското ЕП донесе уште едено полуфинале на соседи, и тоа уште еден европски класик на два големи ривали и гиганти. Германија и Холандија се израмнети и по бројот на титули, имаат по две на шампионатите за играчи до 21 година, а и сега се тука некаде со квалитет.

И двете репрезентации немаат пораз досега, па неуспехот на едната од двете селекции во Секешфехервар вечерва за Холандија и Германија ќе значи збогување од титулата.

Офанзивниот дел е посилната страна на двете селекции. Дуото од АЗ Алкмар, Боаду-Стенгс засилено со Џастин Клајверт одигра прекрасно против Франција и успеа да ги предводи Лалињата до голема победа во четвртфиналето.

На спротивната страна, Вирц, Нмеча и Бериша исто така се опасни офанзивци и им треба малку простор за гол(ови). Германците се спасија од елиминација против Данска со гол во 88-мата минута, а потоа во маратонот славеа на пенали.

Предлог тип: ГГ (1.68)

 

1312 Рајо Валјекано – Леганес (Плејоф, Шпанија, 21 часот)

За Рајо вечерва нема да брани Столе Димитриевски од познати причини, па мадриѓаните ќе се обидат со Лука Зидан на голот. Синот на Зинедин Зидан бранеше на последните два меча како подготовка за баражот, но тој се чини ќе биде најслабата точка на тимот во плејофот.

Ова ќе биде уште едно соседско дерби денеска, па ќе биде интересно. Двата стадиони на коишто играат Рајо и Леганес се раздалечни само 10 километри, што дава дополнителен шарм и набој на полуфиналниот двомеч за влез во Првата лига.

Леганес беше подобропласиран во регуларниот дел од сезоната на третото место во Сегунда Дивизија, па е фаворит против шестопласираниот Рајо Валјекано.

Сезонава и двата меча завршија со малку голови, што е наш тип и за денеска.

Предлог тип: 0-2 гола (1.42)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести