Мароко е претпоследниот четвртфиналист на Мундијалот во Катар и најголемо изненадување по победата против Шпанија на пенали со 3:0.
Голманот на Мароканците, Боно, е јунакот во пенал-серијата и успеа да ги одбрани ударите од пенал на Солер и на Бускетс.
Уште еден удар промаши Сарабија, односно ја погоди стативата, па салдото на Шпанците е ниту еден погоден удар од белата точка.
Симон успеа да одбрани еден пенал за Шпанија, но тоа не беше доволно за пласман во четвртфиналето.
Во регуларниот дел и по продолженијата немаше голови, па пенал-серијата ги реши сите дилеми.
За Мароко прецизни беа Сабири, Зијех и Хакими за големо славење на африканската селекција, која го елиминира поранешниот светски првак и за првпат се најде меѓу осумте најдобри селекции на Светските првенства.
Комплетната пенал-серија можете да ја погледнете ОВДЕ.
Противник во четвртфиналето ќе им биде или Португалија или Швајцарија, а ќе се знае по мечот што ќе се игра вечерва од 20 часот.