Шпанија е противникот на Хрватска во финалето на ЕП

Шпанија не дозволи изненадување и славеше против Словенија со 34:32 во второто полуфинале на Европското ракометно првенство. Во борбата за златен медал, Црвената фурија ќе игра против Хрватска. Овие две селекции играа пред само три дена, кога во групната фаза одиграа неизвесен меч, кој на крајот заврши 22:22. Токму Хрватска и Шпанија се непоразени во текот на целото првенство.

Словенија успеа да даде отпор во првите 15 минути кога беше 8:8. Потоа следуваше серија од 5:1 на Шпанија за 13:9, а до полувремето Црвената фурија стигна и до 20:15. Во второто полувреме Шпанија во еден момент водеше и со шест гола (22:16), а Словенија не сакаше да се предаде предвреме, па на една минута пред крајот стигнаа до еден гол негатива (33:32) и најави неизвесен финиш. Шпанија во последниот напад даде гол за 34:32 и беше јасно кој е финалист.

.

- Оглас -

Најнови вести