Шпанија ги шокираше Хрватите во Берлин

Шпанија оствари убедлива победа од 3-0 против Хрватска на „Олимпијастадион“ во Берлин. „Црвената фурија“ покажа супериорност и уште во првото полувреме постигна три гола. Во вториот дел, Хрватска и не искористи пенал преку Бруно Петковиќ.

Во 29. минута, Алваро Мората го отвори резултатот по одличната асистенција од Фабијан Руиз, успевајќи да го надмудри хрватскиот голман Ливаковиќ. Само три минути подоцна, Фабијан Руиз повторно беше во центарот на вниманието, овој пат завршувајќи ја акцијата сам и зголемувајќи го водството на 2-0.

Во последните моменти од првото полувреме, Дани Карвахал постигна трет гол за Шпанија, по асистенција на младиот Ламин Јамал. Оваа асистенција е особено значајна за Јамал, кој веќе постави рекорд како најмладиот играч во историјата на европските првенства.

Во второто полувреме, Хрватска имаше можност да постигне почесен гол. Бруно Петковиќ се обиде од белата точка, но Унаи Симон го одбрани неговиот удар во 80.минута, а во продолжението од акцијата Петковиќ постигна гол, но не беше признат поради офсајд позиција.

- Оглас -

Најнови вести