Денес попладне и официјално ќе започне 42-рото Европско кошаркарско првенство, чии домаќини ќе бидат Кипар, Летонија, Финска и Полска. Трофејот од пред три години го брани Шпанија, но селекцијата на Србија е прв фаворит за нов европски шампион.
Европското првенство започнува со шест натпревари, а уште на првиот ден од шампионатот на пракетот ќе истрчаат Србите. Очекувањата се дека Србија ќе ја победи Естонија со 30-тина поени разлика, па затоа основниот хендикеп е поставен на -30.5, а квотите се речиси израмнети. Победа на Србија од 31 поен има квота од 1.86, додека победа до 30 поени разлика има квота од 1.85.
Секако, во понудата на Sport Life може да се одиграат и кошаркарите со најпопуларната игра „плус-минус“ на поени. Првиот фаворит за МВП признанието, Никола Јокиќ, има граница од 17,5 поени, па доколку мислите дека ќе постигне повеќе, ќе добиете квота од 1,70.
До 11 часот ќе може да се обложите и која репрезентација ќе го освои Европското првенство, а прв фаворит е Србија со квота од 2.30. Следуваат Германија (6.00), Франција (8.00), Грција (10.00) итн.