31.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Шпанија го пронајде наследникот на Скариоло по дебаклот на Европското првенство

Кошаркарскиот сојуз на Шпанија го пронајде наследникот на Серхио Скариоло откако репрезентацијата доживеа вистински дебакл на штотуку завршеното Европско првенство и не успеа да ја мине ниту групната фаза.

Матео Чус ќе биде новиот предводник на Фуријата, а своето деби ќе го има веќе во ноември, кога ќе се играат натпреварите од квалификациите за пласман на Светското првенство 2027.

Официјалната промоција на Матео Чус на селекторската позиција ќе се одржи во вторник, во попладневните часови.

- Оглас -

Најнови вести