Селекциите на Шпанија и на Германија водат со 1:0 по првото полувреме во средбите од последното коло во групата Е на Светското првенство во Катар.
На Германија, која во последното коло влезе како последнопласирана селекција и која само победа ја носи во осминафиналето, предноста ѝ ја донесе Серж Гнабри уште во 10-тата минута.
Gnabry Goal pic.twitter.com/0tmVd3hUkp
— Skirk. (@SkirkFTBL) December 1, 2022
Шпанија пак продолжува со одличните игри и во првите 45 минути речиси и да не им дозволи на Јапонците да ја допрат топката. Фуријата имаше неверојатни 82 отсто посед на топката, повеќе од 500 додавања, а доминантната игра ја круниса Алваро Мората со гол уште во 12-тата минута.
Morata Goal pic.twitter.com/lBoJspBw6e
— Skirk. (@SkirkFTBL) December 1, 2022