37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Шпанија и Италија играат за место во четвртфиналето на женското ЕП

2840 КТП – Гнистан (17.00 часот)

Екипата на КТП е последнопласирана во финската лига и има само две победи во досегашните 13 кола, но едната победа им беше во предминатото коло. Со 33 примени гола во 13 меча, тие ја имаат најлошата одбрана во лигата, а истотака не се ни поефикасни од никого. Гнистан е седми и се бори за место во плејофот, но во последните три кола освои само два бода. Последните пет меча на КТП беа со 3+ голови, а Гнистан играше 3+ во три од последните четири. Гнистан 13 години нема победа во Котка против КТП, но пред три недели дома славеше тесно со 2-1 против КТП, со победнички гол во 90-та минута.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.50)

 

6732 Шпанија ж. – Белгија ж. (18.00)

Ова е меч од второто коло на Европското првенство за жени, а во првото Шпанките покажаа сила и со 5-0 ја разбија Португалија, додека Белгијките беа поразени со 0-1 од Италија и нема што да бараат ни во овој меч. Во шпанската селекција голем дел од фудбалерките во почетните 11 се од еден од најсилните тимови во Европа, Барселона, па не би требало да имаат проблем ни со Белгија. Во мај се сретнаа во Лигата на нации, и Црвената фурија победи со 5-1, додека во февруари беше 3-2.

Предлог тип: Т1 2+ пол. (1.75) 

 

2607 Норчепинг – Бромапојкарна (19.00 часот)

На овој меч од шведската лига се среќаваат два тима со сличен квалитет и нема да биде лесно да се погоди победникот. Бромапојкарна е тим кој во 13 кола има само еден нерешен резултат, а Норчепинг кој е само два бода над нив, истотака нема многу ремија, само три, но две беа во последните три кола. Норчешинг е тим кој има повеќе и дадени и примени голови, за овој тим брани Давид Митов Нилсен, но поради повреда нема брането ниеднаш сезонава. Норчепинг дома нема победа уште од 19-ти април, а севкупно седум години чекаат победа над Бромапојкарна.

Предлог тип: Х било кога (1.89)

 

6718 Португалија ж. – Италија ж. (21.00 часот)

Португалките ќе се обидат да ги залечат раните од петардата која им ја испука Шпанија на стартот, а Италијанките со победа би обезбедиле пласман во нокаут фазата на Европското првенство за жени. Италија не би била незадоволна ни со нерешено, иако така Португалија би останала со теоретски шанси за четвртфинале. И традицијата е на страна на Италија, тие секогаш ја победувале Португалија, но не играле меѓусебе веќе пет години.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.40)

 

2842 ФХ – Стјарнан (21.15 часот)

Налетот на Стјарнан беше запрен во минатото коло кога загубија и им заврши серијата од четири успешни рунди во кои освоија 10 бодови. Хафнарфјордур има три порази во псоледните пет мечеви. Ова е дуел на два тима кои ретко играат нерешено, имаат само по две ремија во 13 одиграни мечеви сезонава во исландската лига, а двата тима имаат гол-разлика 0, со ист број дадени и примени голови, со тоа што поефикасни беа средбите на Стјарнан. Во април кога се сретнаа на стадионот на Стјарнан, тогашниот домаќин победи со 2-1, а Стјарнан даваше по три гола на последните две гостувања кај ФХ.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)

- Оглас -

Најнови вести