Шпанија и Италија играат 1:1 по првото полувреме од второто полуфинале во Лигата на нациите кое се игра во Еншеде.
Стартот на мечот беше фуриозен, Шпанија уште во четвртата минута го отвори резултатот преку Јереми Пино. Фудбалерот на Виљареал ја искористи грешката на Леонардо Бонучи и на работ од шеснаесетникот му ја одзеде топката и потоа без проблеми го совлада Џанлуиџи Донарума.
Аѕурите брзо закрепнаа од шокот и тргнаа во офанзива и во десеттата минута добија пенал по играњето со рака на Робин ле Норманд во сопствениот шеснаесетник. Сигурен реализатор на пеналот беше Чиро Имобиле.
Десет минути подоцна, Италија постигна уште еден гол преку Давиде Фратези, но судијата Славко Винчиќ по консултација со ВАР-собата го поништи голот поради офсајд.