3551 Банга – Жалгирис (17.00 часот)
Жалгирис е убедливо прв на табелата во литванското првенство, ја има обезбедено титулата и тоа е шанса за Банга, тим кој е трети од долу и обезбеди опстанок. Жалгирис во првите 32 кола имаше само еден пораз, но веќе нема мотивација и загуби во претходните две кола. Во последните девет меѓусебни дуели, Жалгирис секогаш даваше барем два гола против Банга. Овие два клуба повеќе од 20 години играат еден против друг, а Банга никогаш не победила.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.56)
6755 Јордан – Шпанија (17.00 часот)
Шпанците одлучија на неколку дена пред стартот на Светското првенство да одиграат еден пријателски меч на гости против Јордан и да се навикнат на играње на временските услови на Арапскиот Полуостров, каде што ќе се одржи и Мундијалот. Јордан е селекција која има седум победи на последните осум официјални и пријателски мечеви, но ривалите му беа далеку зад квалитетот што го има Шпанија. Црвената фурија сигурно нема да дава максимум и ќе се чува, но нема да пропушти шанса да победи, по можност без примен гол.
Предлог тип: 2+ пол. (1.96)
8005 Анадолу Ефес – Барселона (18.30 часот)
Ова е дерби на денот во кошаркарската Евролига. Актуелниот европски првак лошо игра сезонава, по седум кола, има само две победи, додека Барса е на 5-2 и таа е единствен тим кој засега успеа да го победи лидерот Фенербахче. Во Истанбул ретко кој може да биде фаворит против Пиварите, но проблем на Ефес е неиграњето на повредениот Ларкин. Кај Барса ги нема Миротиќ и Курич. Во минатата сезона, Каталонците двапати го победуваа Ефес, во Истанбул имаше и продолжение.
Предлог тип: >158.5 поени (1.94)
6761 Португалија – Нигерија (19.45 часот)
Публиката во Лисабон ќе сака со победа и оптимизам да ги испрати Португалците пред заминувањето во Катар. Кристијано Роналдо нема да игра, но и останатите би требало да ги победат Орлите, а за да немаат проблем, ќе треба стартерите да ја завршат работата во првиот дел за да одморат во вториот и шанса да добијат повеќе резервисти. Нигерија во комбиниран состав пред една недела загуби од Костарика со 0-2, па тешко дека може да ја загрози Португалија.
Предлог тип: 1-1 (1.77)
1642 Јонг АЗ Алкмар – Јонг Ајакс (21.00 часот)
Младиот тим на АЗ Алкмар има три бода повеќе од младите на Ајакс во втората холандска лига и на некој начин треба да се фаворити на хартија, но загубија во минатото коло, а Јонг Ајакс има само еден пораз во последните пет кола. Гостите имаат и повеќе дадени и повеќе примени голови од вечерашниот ривал. Во последните пет меча, Јонг Ајакс секогаш и даваше и примаше гол, а последните два меча им беа со 7+ голови. И последните шест меѓусебни дуели на овие екипи секогаш биле со „гол-гол“.
Предлог тип: 1Х & 3+ (2.17)