Дојде денот да се дознае кој ќе биде новиот европски фудбалски владетел. Шпанија и Англија останаа во битка за трофејот кој ќе биде доделен вечерва на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.
Историски е овој дуел. Дали Шпанија ќе стане првата селекција која стигнала до четири европски злата, или Англија конечно за прв пат ќе се радува на континенталниот трон. Шанси имаат двете селекции, еден меч е и се може да се случи, но квотите ја фаворизираат Шпанија.
Овие две селекции досега играле 27 пати меѓусебе, а Англија е поуспешна со 14 победи, додека Шпанија се радувала 10 пати. Само три пресметки завршиле нерешено, факт кој покажува дека играат без многу калкулации.
Последен пат се сретнаа пред речиси шест години коа одиграа два пати за само еден месец. Тогаш Англија победи на гости во Севилја со 3:2, а Шпанија победи на „Вембли“ со 2:1. На тие две средби, во првото полувреме паѓаа по три гола.
Во Специјалниот сингл има одлична понуда според која Хари Кејн е главен фаворит за стрелец на првиот гол, а тука се и Хоселу, Мората кај Шпанците. Може да се комбинра и стрелец со победник на меч.
Ако се гледа по последните две средби, првиот гол треба да падне во рана фаза, а и тоа го има на понудата во Sport Life. За мераклиите на статистичките игри, тука се бројот на корнери, офсајди, фаули, жолти картони, како и удари кон голот и удари во рамките на голот.
Подеднакви се шансите една од екипите да добие пенал или црвен картон, а огроми се квотите за комбинацијата едниот тим да добие пенал, а другиот црвен картон.